Свет 26. јуни 2018. / 15:53

Во Австрија страшна несреќа – судир на возови, десетици повредени меѓу кои и деца

Во Австрија страшна несреќа – судир на возови, десетици повредени меѓу кои и деца

Во судар на возови во австрискиот град Санкт Пелтен според неофицијални информации повеќе од десетици лица се повредени.

Несреќата се случила кога два воза се судриле, а на местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на брза помош и пожарникари.

Како што информираат тамошните медиуми во возот имало 100 студенти.

Две потешко повредени лица се наоѓаат и понатаму во возото, а околу возот помош им се укажува и на полесно повредените, меѓу кои има и многу деца.