Австриската влада донесе одлука да го прошири списокот на држави за кои важи предупредувањето за патување во Романија, Бугарија и Молдавија, и најави строги контроли на своите источни граници.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц, по владината седница, рече дека состојбата во врска со коронавирусот на Балканот и Балтикот се влошила и дека има се повеќе случаи на инфекција во Австрија увезени од исток.
Се соочуваме со се поголем увоз на зараза од странство. Затоа нашиот итен апел е да не се патува во тие земји, објасни тој.
Курц потсети дека за тие земји важи мерката за двонеделен карантин.