Свет 24. јули 2020. / 12:35

Во Австрија и натаму не може да се влезе без негативен тест за Ковид-19

Во Австрија и натаму не може да се влезе без негативен тест за Ковид-19

Министерството за здравство на Австрија соопшти дека останува на сила одлуката од 15 јуни, со кој патниците од од подрачја со висок ризик може да влезат во земјата само ако приложат негативен ПЦР тест, што не е постар од четири дена. Во спротивно, тие ќе мора да поминат 1 дена во карантин.

Одлуката е донесена поради ревизија на одредени законски регулативи.

Услов за ПЦР тестот да биде сметан за валиден е да биде направен во сертифицирани лаборатории.