Свет 13. јуни 2018. / 12:19

Во Австрија е прогласена вонредна состојба – откорнати се дрва и кровови од куќи на секаде (ВИДЕО)

Во Австрија е прогласена вонредна состојба – откорнати се дрва и кровови од куќи на секаде (ВИДЕО)

Силно невреме проследено со врнежи и ветер ја зафати синоќа Австрија, а едно лице смртно настрада.

Во градскиот парк паднало дрво кое на лице место усмртило маж.

Силниот ветер откорнувал дрва, кршел гранки кои паѓале врз струјниот вод за трамваи, што предизвикало дополнителен застој во сообраќајот.

Кровот од една продавница паднал врз станбена зграда, а пожарникарите ги предупредиле граѓаните да внимаваат кога излегуваат надвор.