Свет 07. јануари 2020. / 11:15

Во Австралија се приведени 24 луѓе поради намерно подметнување пожари

Во Австралија се приведени 24 луѓе поради намерно подметнување пожари

Полицијата на Нов Јужен Велс приведе 24 луѓе осомничени за намерно предизвикување пожари во катастрофалната сезона во која досега загинаа 18 луѓе во таа австралиска држава.

Во притвор се и три лица осомичени за грабеж во имоти зафатени од пожари. Од 8 ноември полицијата презела акции против 183 луѓе поради пожарите.

Речиси пет милиони хектари изгореа во Нов Јужен Велс од септември, и уништени се 1482 куќи и убиени стотици милиони животни и добиток.

Дваесетина други ризикуваат затворски казни до 25 години поради подметнување пожари.