Свет 30. January 2019. / 13:31

Во Австралија поради жештините змии се кријат во туш кабини и ВЦ школки

Во Австралија поради жештините змии се кријат во туш кабини и ВЦ школки

Како што температурите се зголемуваат, влекачите бараат поладни места како пукнатини во ѕидот, под просторот за печење скара или зад климатизерот.

Но, кога воздухот истовремено станува топол и сув, тие бараат места кои се влажни, пишува „Вашингтон пост“.

Лук Хантли, ловец на змии од Квинсленд, во текот на рекордниот топлотен бран што ја погоди Австралија, често добива повици за отстранување на змии од бањите. Минатата недела тој фатил питон од два метра кој низ отворена врата влегол во туш кабина со цел да се засолни од неподносливата жештина. Неколку дена претходно, во друга куќа, Хантли извлекол помала змија од ВЦ школка.