Свет 30. март 2020. / 18:08

Во Аргентина продолжен полицискиот час уште две недели

Во Аргентина продолжен полицискиот час уште две недели

Широките ограничувања за движење во Аргентина ќе бидат продолжени за уште две недели, односно најмалку до Велигден.

Ова е војна против невидлив непријател. Убеден сум дека ќе имаме добри резултати доколку го почитуваме карантинот – изјави претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез.

Досега во Аргентина се потврдени 820 заразени со корона вирусот, а 22 луѓе ги загубија животите во борбата со вирусот.

Ограничувањето за движење првпат беше воведено на 20 март, со наредба луѓето да не ги напуштаат своите домови. Единствено беа дозволени куси излегувања до блиските продавници за храна и средства за заштита.

Изолацијата не важи за лекарите, полицијата, како и работниците во здравството, прехранбениот и нафтениот сектор, како и логистиката.