Свет 01. ноември 2020. / 11:00

Во Англија се воведува едномесечен карантин

Во Англија се воведува едномесечен карантин

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа соопшти дека во Англија ќе се воведе едномесечен карантин, по предупредувањето дека новиот бран на епидемијата на коронавирус може да ги преоптовари болниците за неколку недели доколку не се воведат строги мерки.

Џонсон рече дека новите мерки ќе стапат во сила в четврток и ќе траат до 2 декември. Според него, без мерки, „бројот на смртни случаи може да изнесува неколку илјади секој ден“.

Кафулињата и рестораните ќе можат да нудат само храна и пијалоци „за носење“, сите несуштински продавници ќе бидат затворени, а луѓето ќе можат да ги напуштат своите домови од многу ограничен број причини, вклучително и физичка активност.

За разлика од претходниот карантин, училиштата, универзитетите, градилиштата и производството ќе продолжат да работат.

Џонсон се надеваше дека серија регионални мерки ќе бидат доволни за спречување на вирусот, но научниците кои ја советуваат владата предвидоа дека со сегашното темп капацитетите на болниците наскоро ќе биде целосно исполнети.

Бројот на лица заразени со коронавирус во Велика Британија надмина еден милион.