Свет 14. септември 2018. / 16:33

Во акција на Европол уапсени 148 лица

Во акција на Европол уапсени 148 лица

Речиси половина милион луѓе, возила и простории се прегледани минатата недела за време на заедничката акција што ја координирале ЕМПАЦТ, „Фајерармс“ и Европол во борбата против криминалот кој потекнува од Западен Балкан.

За време на четиридневната операција 8.300 офицери од 28 земји, од Фронтекс и Интерпол, работеле во седиштето на Европол во Хаг, во борбата против илегалното шверцување огнено оружје, дрога, илегална миграција и фалсификување документи, соопшти Европол.

Подготвителната фаза почна на почетокот на 2018 година и за време на таа фаза разменети се повеќе стотици информации за луѓе, телефонски броеви и документи меѓу сите партнери, уапсени се 32 осомничени, запленети се 102 парчиња огнено оружје и претресени се 60 куќи.
Резултетите постигнати од 5 до 9 септември се 148 уапсени, запленети 159 парчиња огнено оружје, експлозив и друго оружје, како и 286 килограми дрога, 22 злоупотреби на визи, 40 фалсификувани документи, 612 нелегални влезови и 178 одбиени влезови.

Во операцијата учествувале сите земји од Западен Балкан заедно со 20 земји членки на Европол, Швајцарија, САД, Интерпол и Фронтекс.