Свет 28. јануари 2021. / 09:37

Во Африка повеќе од 3,4 милиони заразени со коронавирус, 87.000 починати

Во Африка повеќе од 3,4 милиони заразени со коронавирус, 87.000 починати

Во Африка, во последните 24 часа, се регистрирани 22.599 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број заразени на континентот изнесува повеќе од 3,4 милиони луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Како што е наведено, починале уште 1.080 случаи на Ковид-19, така што има повеќе од 87.000 смртни случаи во Африка.

Најголем број заразени и починати од коронавирус има во Јужна Африка – 1,4 милиони заразени и речиси 42.000 смртни случаи. Повеќе од 9.000 луѓе починаа во Египет, а 8.187 во Мароко.