Властите на Брегот на Слоновата коска соопштиле дека во текот на неделата заплениле рекордни 200 тони фалсификувани лекови и привеле четири лица.
Лековите, фалсификувани и со погрешно наведени дози се наоѓале во една двокатна куќа.
„Имаше 200 тони. Четири лица се приведени, од кои еден е кинески државјанин“, велат од полицијата.
„Во сите простории на куќата имаше лекови“, додаваат тие наведувајќи дека некои од кутиите биле и со кинески натписи.
Светската здравствена организација наведува дека во Африка годишно умираат околу 100.000 луѓе заради употреба на фалсификувани лекови.