Свет 18. јануари 2020. / 14:39

Високо патоген вирус на птичји грип регистриран на живинарска фарма во Чешка

Високо патоген вирус на птичји грип регистриран на живинарска фарма во Чешка

Во Чешка по три години за првпат е регистриран високо патоген вирус на птичји грип Х5Н8.

Чешката државна ветеринарна администрација соопшти дека епидемијата е пријавена на живинарска фарма во централното подрачје на Чешка.

Анализите потврдија дека од вирусот птичји грип се угинати голем број кокошки.

Локалната ветеринарна служба наведе дека се преземени сите мерки за претпазливост.