Свет 28. јули 2018. / 16:26

Виктор Орбан: На изборите во 2019 година европската „Социјал-Демократија“ градена од елитите од 1968, ќе замне во историја

Виктор Орбан: На изборите во 2019 година европската „Социјал-Демократија“ градена од елитите од 1968, ќе замне во историја

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека десничарските партии ќе имаат голем успех на претстојните избори за Европскиот парламент, што ќе придонесе за подем на христијанската демократија и за крај на социјал демократијата. Во своето обраќање до Унгарците од соседна Романија во Баиле Туснад, премиерот Орбан рече дека изборите во 2019 година ќе бидат клучни за иднината на Европа.

– Големата цел на западната ЕУ „елита“ е да ја трансформираат Европа, да не однесат во пост-христијанската ера, во ера во која нацијата исчезнува. Овој процес може да биде запрен на европските парламентарни избори. Во наш суштински интерес е да ја запреме оваа трансформација, изјави Орбан.

Унгарскиот премиер рече дека политичките групи кои се претставуваат под паролата „социјална демократија“ дејствуваат недемократски и не прифаќаат никакви спротивни гледишта.

– Се соочуваме со еден голем момент, кога и велиме збогум не само на социјалната демократија туку и на елитата од 1968 година, изјави Орбан, алудирајќи на поранешните студентски активисти кои сега се на водечки функции во Европа.