Свет 21. јуни 2018. / 17:34

Виктор Орбан и го возвраќа ударот на ЕУ

Виктор Орбан и го возвраќа ударот на ЕУ

Беше осудуван и напаѓан поради неговиот однос кон „бегалците“ кои тој прв ги нарече нелегални имигранти, подигнувајки и ограда против нив. Но сето тоа е минато, денес ја има подршката на новите влади во Италија и Австрија, а во негова корист оди и внатрешниот притисок врз владата на Меркел, поради истите имигранти, па Виктор Орбан на наредниот самит во Брисел доаѓа триумфално како победник.

Неполни два месеци по неговата убедлива трета последователна изборна победа, унгарскиот премиер Виктор Орбан е на врвот на неговата моќ и влијание – не само во Унгарија, туку и во Европа. Зајакнат преку новите изборни победи на десничарските политичари во Австрија и во Италија, но засилен и поради кризата околу прашањето на азилот која во моментов предизвикува делби во Европа, тој настапува со досега невидена доверба во се повеќе европски политички кругови.

Негова декларирана цел, да се спречи имиграцијата на не-европјани кон Европа, да се стави крај на ерата на неконтролираните граници во Европската унија, да се направи сојуз на политички суверени, христијанско-национални држави, полека почнува да добива поддршка и во остатокот на Европа.