Свет 12. октомври 2020. / 09:45

Виктор Орбан го задржа дво-третинското мнозинство во парламентот

Виктор Орбан го задржа дво-третинското мнозинство во парламентот

Унгарската опозиција не успеа да го намали дво-третинското мнозинство што премиерот Виктор Орбан го има во Парламентот откако неговата кандидатка победи на делумните парламентарни избори.

Првичните резултати покажуваат дека владејачката партија „Фидес“ на вчершните избори ја задржа власта во шестиот округ Борсод, источна Унгарија, а нејзината кандидатка Софија Конч победи со 51 отсто гласови. Заедничкиот кандидат на опозицијата Ласло Биро доби 46 проценти од гласовите.

Со тоа „Фидес“ задржа 133 од 199 пратеници во унгарскиот Парламент.