Свет 31. март 2020. / 17:50

Виенски институт: Земјите од централна, јужна и источна Европа ќе доживеат длабока рецесија

Виенски институт: Земјите од централна, јужна и источна Европа ќе доживеат длабока рецесија

– Институтот за економија во Виена (WIIW), во својата анализа на економските последици од коронавирусот, наведува дека на сите земји од централна, јужна и источна Европа им се заканува рецесија.

Анализата посочува дека значителни негативни последици се веќе видливи, дека многу валути се ослабени и оти довербата на потрошувачите и на деловните активности паѓа.

WIIW посочува дека повеќето централни банки во регионот веќе најавија јасна реакција. Клучот за ублажување на падот е фискалната политика, се истакнува во анализата.

Повеќето, односно сите земји во регионот се предвидува годинава да доживеат длабока рецесија, според институт во Виена.