Свет 23. август 2020. / 15:00

(ВИДЕО) За влез во Австрија се чека и по 13 часа, откако властите вовеле строги контроли

(ВИДЕО) За влез во Австрија се чека и по 13 часа, откако властите вовеле строги контроли

Огромна колона се создала пред тунел Караванка на словенечката страна на границата во Австрија.

Според информациите, за премин на границата луѓето чекале и до 13 часа без храна и вода.

Големата гужва настанала поради новите безбедносни мерки на Австрија поврзани со Ковид-19, а кои налагаат секое возило кое влегува во земјата да подлежи на детална контрола.