Свет 29. ноември 2018. / 13:12

(ВИДЕО) Врие полиција пред Дојче Банк – се спроведува истрага за перење на пари

(ВИДЕО) Врие полиција пред Дојче Банк – се спроведува истрага за перење на пари

Германските власти влегоа во Дојче банк, поточно во главното седиште во Франкфурт, во координирана рација поврзана со истрага за перење на пари, открива Блумберг.

Повеќе од шест полициски возила, утрово во 9 часот, се паркираа пред главната канцеларија на Дојче Банк, спроведувајќи операција која опфаќа околу 170 службеници. Како осомничени се таргетирани двајца вработени во банка, едниот 50, а другиот 46-годишен. Од банката известија дека соработуваат со властите.

Оваа акција им задава главоболки – комерцијални, регулаторни и легални – на главниот извршен директор Кристиан Севинг и претседателот Паул Ахлајтнер. Нивниот удел падна на речиси половина од вредноста за оваа година, откако се намали на 3,4 проценти во четвртокот.

– Ова мора да е поврзано со криминалното однесување и не е само тривијален прекршок. – изјави Стефан Милер, главен извршен директор на ДГВА.

Тој верува дека банката ќе биде парализирана со месеци, додека не стане јасно како ќе се сноси со новите потенцијални парични казни.

Истрагата произлегува од откритијата во Панамските документи, што претставува колекција на документи од 2016 година од Мосак Фонеса, адвокатска фирма во Панама која создаде школка компании. Тогаш Дојче Банк ги прекина врските со кипарскиот заемодавец, делумно во сопственост на ВТБ Групацијата, која што беше идентификувана во извештајот.

Истагите од овие документи покажаа докази дека Дојче Банк им помогна на клиентите да отворат оф-шор сметки. Според власитте, оваа рација не е поврзана со нејзината улога како кореспондентна банка за перењето на пари во данската Данске Банк.