Свет 09. февруари 2020. / 11:35

(ВИДЕО) Вреќи полни со тела на починати од корона вирус, пациенти во Вухан умираат во ходници

(ВИДЕО) Вреќи полни со тела на починати од корона вирус, пациенти во Вухан умираат во ходници

Видеото кое кружи на социјалните мрежи е снименко во болницата во кинескиот град Вухан и прилично го вознемири светот.

Извесен Фанг Бин снимил ситуација во т.н. болница 5 во Вухан и на снимката може да се видат како се трупаат вреќи во кои се телата на починатите од вирусот, а луѓето речиси секоја минута умираат.

На Твитер го објави новинарката Џенифер Зенг, а потоа беше соопштено дека Фанг бил уапсен поради контроверзната снимка, иако набргу бил пуштен.