Свет 27. октомври 2018. / 17:47

(Видео) Вооружен напаѓач влегол во синагога во САД, има и жртви

(Видео) Вооружен напаѓач влегол во синагога во САД, има и жртви

Вонредна ситуација во синагога во Пенсилванија. Вооружен напаѓач влегол во синагога и отворил оган. Според неофицијални информации, има и жртви.

Како што пренесуваат американски медиуми, напаѓачот застрелал еден полицаец а другите ги натерал да се скријат зад полициските возила за да не ги застрела. Не е јасно што се случува внатре во синагогата.

Полицијата, според информациите, примила неколку повици од луѓе кои се наоѓаат внатре во синагогата. Ианку, во синагогата имало голем број верници, кои вообичаено доаѓаат во сабота.

Полицијата во Питсбург упати предупредување до жителите да не се приближуваат до синагогата во градот, зошто таму има вооружен напаѓач.

„Алармантна ситуација. На терен е активен вооружен напаѓач. Избегнувајте ја областа“ соопшти канцеларијата за јавна безбедност на Питсбург.

Според медиумите, стрелецот се наоѓа во синагогата „Дрвото на животот“ на авенијата Вилкинс.