Свет 13. октомври 2018. / 19:19

(ВИДЕО) Воен авион прелета помеѓу облакодери и ги испаничи вработените

(ВИДЕО) Воен авион прелета помеѓу облакодери и ги испаничи вработените

Во Бризбејн, вработените чии канцеларии се наоѓаат во облакодерите во централниот дел на австралискиот град биле шокирани кога забележале како огромен авион во низок лет се приближува кон нивните згради.

Вработените гледале како авионот се приближува кон прозорците на нивните канцеларии, стравувајќи дека ќе се случи нешто слично како нападот врз кулите близначки во Њујорк од 11. септември 2001 година.

На една од објавените снимки, може да се слушне како некој панично вика „Ова мора да е шега!“