Свет 18. јули 2020. / 17:46

(ВИДЕО) Во Лондон масовна тепачка меѓу Ерменци и Азербејџанци

(ВИДЕО) Во Лондон масовна тепачка меѓу Ерменци и Азербејџанци

Околу 150 Азербејџанци организираа протест пред амбасадата на Ерменија во Лондон, но потоа се појавија и претставници на ерменската дијаспора.

Амбасадата на Азербејџан соопшти дека потоа следел судир меѓу двете страни. Азербејџанците кои живеат во Лондон носеа знамиња од својата земја, а се собраа за да ги осудат дејствијата на Ерменија на границата со нивната држава.