Свет 29. јули 2020. / 20:30

(ВИДЕО) Во Копенхаген животот тече како и пред Ковид-19: Никој не носи маска, мерки речиси и да нема

(ВИДЕО) Во Копенхаген животот тече како и пред Ковид-19: Никој не носи маска, мерки речиси и да нема

Жена од Шпанија објави видео на „Твитер“ и самата вчудовидена од лежерниот пристап во Копенхаген кон ситуацијата со Ковид-19.

На видеото јасно се гледа дека нема никакви мерки против корон вирусот. Никој не носи маски, луѓето лежерно си седат во кафулиња, без проблеми се влегува во продавниците …

Шпанската државјанка која е во Копенхаген коментира дека „го објавува зашто никој не и верува кога кажува како е во Копенхаген“.

Таа вели дека гледајќи го Копенхаген, не може да поверува што се случува во Шпанија, каде што има силно изразен втор бран од Ковид-19.

На 30 март Данската влада објави постепено и контролирано повторно отворање на земјата. Ова значеше дека кафеаните, рестораните и баровите сега можат повторно да  послужуваат гости во затворените делови (со некои ограничувања). Музеите, зоолошките градини, театрите, забавните паркови на отворено и другите рекреативни и културни активности исто така беа отворени.

Здравствени органи во Данска тврдат дека најефикасните мерки за спречување на ширењето на вирусот се изолирање на заразените, социјална дистанца како и редовна хигиена. .