Свет 26. ноември 2018. / 20:16

(ВИДЕО) Во Кина родени првите ГМО бебиња

(ВИДЕО) Во Кина родени првите ГМО бебиња

Кинескиот научник Хе Џианкуи објави дека прв пат во историјата успеал да создаде генетски модифицирани бебиња.

Ваквата изјава предизвика бура од реакции во научниот свет , но и во јавноста. Порфесорот Хе и неговите колеги направиле измени на гените на ембрионот на седум брачни двојки, кои учествувале во проектот за вештачко оплодување.

Сите мажи биле ХИВ позитивни, додека нивните жени не биле. Кинескиот тим користел метода Crispr/Cas9 со која ги смениле гените за да не може децата да се заразат со ХИВ.

На почетокот на ноември се родени две девојчиња, од кои едната е целосно отпорна на ХИВ, бидејќи кај неа биле отстранети двата главни гена од парот во геномот.

Другото девојче, близнак, има само еден исечен ген, што значи дека сепак постои ризик од зараза со ХИВ. Девојчињата се здрави и нема знаци дека се вршени измени на други гени.

На Универзитетот во Стенфорд професорот Хе објаснува дека работел на генетски модифицирани гени на глувци, мајмуни и кај луѓе, а во овој случај го елиминирал генот со што девојчињата нема да се заразат иако дојдат во контакт со ХИВ. Не е познат идентитетот на родителите, освен дека таткото сакал децата да му бидат подвргнати на оваа метода за да не се соочуваат со проблеми, какви што има тој како заразен од ХИВ/СИДА.

Во Кина има големи проблеми со оваа болест, поради тоа што заразените се жигосуваат во општеството, па затоа и професорот Хе го извел генетското модифицирање.