Свет 30. јули 2020. / 23:08

(ВИДЕО) Во Израел скенирани две мумии: Снимките покажле дека во нив нема човечки останки

(ВИДЕО) Во Израел скенирани две мумии: Снимките покажле дека во нив нема човечки останки

Двете минијатурни мумии откриени во Египет, за првпат се снимени со скенер за КТ, а снимките покажа дека во нив нема човечки остатоци како што очекуваа археолозите.

Две мумии долги 45 сантиметри, во облик на човечко тело, со децении сместени во музеј во Хаифа досега не биле детално проучувани, затоа што се верувало дека го содржат срцето на починатиот во чиј саркофаг биле пронајдени.

Сепак, по снимањето со КТ-скенирање, откриено е дека во нив нема човечки остатоци. Во едната беше мешавина од жито и кал, а во другата мумифицирана птица, најверојатно, сокол.

Птицата нема лева нога, но никој не знае зошто – изјави д-р Марсија Ксавит, која ги снимала мумиите.

Досега е познато дека мумиите се стари повеќе од 2.000 години, вели Рон Хибел од музејот во Хаифа, каде што се чуваат артефактите.

Студијата за мумии почнала сосема случајно, затоа што во музејот, за време на класификацијата на она што го имаат, откриле дека не знаат ништо за нив.

Во белешките стои дека содржат остатоци од мумифицираното срце, но за експертите тоа не било логично, затоа што срцето обично било оставано во внатрешноста на телото што е мумифицирано, затоа што според верувањето на античките Египќани срцето има пресудна улога во тоа дали некој станува вечен живот.

Мумијата исполнета со кал и зрна жито е направена во форма на Озирис, бог кој симболизирал вечен живот, живот по смртта, но и вегетација. Експертите објаснуваат дека за време на фестивалот посветен на Озирис таквата мешавина од кал и зрна се потопува во вода, по што зрната ќе почнат да ‘ртат, што била симбол на улогата на Озирис како бог на животот.

Втората мумија, која содржи остатоци од птица, е во форма на богот Хорус. Овој бог, според египетската митологија, има глава на сокол и тој е син на Озирис и божицата Изида.