Свет 23. февруари 2021. / 17:45

(ВИДЕО) Во Италија се појави свлечиште, дел од гробиштата завршија во море

(ВИДЕО) Во Италија се појави свлечиште, дел од гробиштата завршија во море

Стотици закопани ковчези паднаа во море кога свлечиште уништи дел од гробиштата крај италијанскиот брег кај Камоли во близина на Ѓенова.

Одронот уништи и дел од зградата на гробиштата, како и две приватни капели, кои беа на работ на карпа, објави Ла Република.

Видеото направено од работниците на гробиштата го покажува моментот кога дел од гробиштата се одвоил и паднал во морето.

Спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат ковчезите, од кои многу завршија во морето и на карпите на 50 метри под гробиштата.