Благодарение на пандемијата на Ковид-19, Хјустон го доби првиот „драјв-тру“ стриптиз клуб.
Поради рестрикциите за работа, клубот трпеше сериозни финансиски загуби поради што сопствениците се одлучија на ваков потег. Танчерките играат зад метална ограда што ги одвојува од автомобилите, а банкноти се расфрлани по асфалтот на просторотѕ ограден со бели шаторски крила, коишто даваат приватност.
Над танчерките има поставено пурпурно амбиентално светло, но во целата атмосфера има потсетување на пандемијата, со оглед на тоа што некои од танчерките носат маски.
Ваквиот клуб доаѓа како одговор на одлуката на гувернерот на Тексас, кој уште во март донесе одлука да затворат сите барови и ресторани, поради што илјадници, шанкери, келнерки и забавувачи останаа без работа, вклучувајќи го инперсоналот на „Вивид клубот за господа“.
Иако во моментов, на рестораните им е дозволено да отворат со 50% од капацитетот, додека баровите смеат да служат само за носење, стриптиз клубовите спаѓаат во „сива зона“ меѓу ресторанте и баровите, во зависност од поединечните случаи. Затоа, со цел да им помогне на вработените „Вивид клубот за господа“ одлучи да се обиде со „драјв-тру“ искуство, што ќе биде прв таков случај во Тексас.
Vivid Gentlemans Club in Houston launched Food2GoGo last night, featuring a drive-thru strip club pic.twitter.com/WTkQD6HlrY
— BallerAlert (@balleralert) July 2, 2020
Сепак, овој клуб во Хјустон не е целосно оригинален во САД. Клубот „Лаки Девил Лаунџ“ во Портланд беше првиот што овозможи „драјв-тру“ варијанта.