Свет 18. ноември 2019. / 09:33

(ВИДЕО) Во Австрија прогласена највисока опасност од лавини

(ВИДЕО) Во Австрија прогласена највисока опасност од лавини

Обилните врнежи од дожд и снег создаваат големи проблеми во Австрија. Најлоша е ситуацијата во Јужен Тирол и Корушка.

Во планинските делови, снегот отсече неколку села, каде нема струја, а во прекин се и телефонските врски.

Прогласена е и најголема опасност од лавини.

Поројните дождови предизвикаа излевање на реките и езерата во долините, а жителите во најзагрозените подрачја се евакуирани.