По долгогодишна правна битка и бројни протести, Венеција им забрани на крузерите да се приближуваат до историскиот дел на градот со наредба да ги сменат рутите.
Жителите на Венеција со години се жалат и протестираат против крузерите , за кои сметаат дека им го поткопуваат градот. Се проценува дека Венеција годишно ја посетуваат околу 20 милиони туристи , од кои десетици илјади пристигнуваат со крузерите.
Помалку од 30 000 туристи кои го посетуваат градот во него остануваат подолго од еден ден , што е помалку од половина од вкупната бројка од над 60 000 турсити кои секој дена пристигнуваат во Венеција.
Градоначалникот Луиџи Бругнаро во јуни побара од УНЕСКО да го стави градот на црната листа на светското наследство, само за да го заштити градот.
Постапката за забрана ја забрза судирот на крузер во каналот Џудеца, при што беа повредени пет лица.
Шефот на пристанишната управа ги повика и неговите колеги од другите европски приморски градови да воведат слична забрана за крузерите ,а министертот Тонинели препорача огромните патнички бродови да најдат други рути.
До 2020 само една третина од бродовите ќе може да се закотвуваат во пристаништата Фусина и Ломбардија, кои се на десетина километри оддалечени од венецијанското пристаниште.