Свет 09. јануари 2020. / 10:17

(ВИДЕО) Ужасна снимка од несреќата кога украинскиот авион експлодира во воздух

(ВИДЕО) Ужасна снимка од несреќата кога украинскиот авион експлодира во воздух

Безбедносни камери ги снимиле првите секунди од несреќата на украинскиот „боинг 737-800“ во близина на Техеран, покажувајќи како на местото паѓаат безброј запалени остатоци. Загинаа вкупно 176 лица, сите што беа во авионот.

Камерата во близина на местото на несреќата покажува блесоци светлина, а по извесно време огромна експлозија ја тресе околината, при што од небото паѓаат запалени остатоци. Потоа се гледа како остатоците бавно согоруваат.

Боингот 737-800 на Украински интернешнел ерлајнс (УИА), преполн со 167 патници и девет члена на екипажот, се урна веднаш по полетувањето од аеродромот „Имам Хомеини“ во Техеран.

Локалните власти веруваат дека техничко прашање, евентуално откажување на моторот, е виновно за несреќата што стана најсмртоносна во поновата историја на Украина.