Свет 22. мај 2020. / 12:47

(ВИДЕО) Ужасна сцена откако патнички авион се урна врз населба во Карачи

(ВИДЕО) Ужасна сцена откако патнички авион се урна врз населба во Карачи

Авион на меѓународната авиокомпанија „Пакистан Ерлајнс, кој летал од Лахоре, се урнал во близина на аеродромот во Карачи. Снимки од местото на настанот споделени на социјалните мрежи покажуваат огромен облак од црн чад кој го исполнува воздухот.

Авионот летал од Лахоре до Меѓународниот аеродром Џинах, најпрометниот аеродром во Пакистан.

Портпаролот на Пакистан Интернешнл ерлајнс потврди дека имало 107 патници на летот, 99 патници и осум членови на екипажот.

Се уште не е познато дали имало жртви.

-Темни облаци од чад може да се видат како се креваат од местото на несреќата, пренесе БиБиСи.

Според пакистанските медиуми, авионот се урнал во областа близу Модел Колони каде има човечко население.

Модел Колони е населба во Карачи што се наоѓа на околу две милји северо-источно од меѓународниот аеродром Џинах.