Свет 14. март 2021. / 21:45

(ВИДЕО) Ужас во Мајнмар: Полицијата уби најмалку 14 демонстранти

(ВИДЕО) Ужас во Мајнмар: Полицијата уби најмалку 14 демонстранти

Безбедносните сили на Мјанмар денеска убија најмалку 14 и ранија 20 демонстранти во областа во Јангон,  додека некои други домашни медиуми објавија уште поголем број на мртви.

Експертот за човекови права на ООН за Мјанмар, Том Ендрус оваа недела изјави дека најмалку 70 лица се убиени на демонстрациите од 1 февруари и дека има сè поголем доказ дека војската прави злосторства против човештвото.

Мјанмар објави дека информациите дошле од спасувачи и болница во близина на индустрискиот кварт.

Во исто време, државната телевизија објави дека еден полицаец е убиен, а тројца се повредени за време на денешниот протест во Багу, во централниот дел на Мјанмар.