Свет 27. јули 2018. / 20:21

(Видео) Украински војник се самозапали во знак на незадоволство

(Видео) Украински војник се самозапали во знак на незадоволство

Украински војник се самозапали во четвртокот, наводно, во знак на протест поради тоа што бил отпуштен од армијата.

Серхи Улјанов е снимен како се полева со бензин, а потоа огнот го зафаќа неговото тело. Облечен во својата воена униформа, застана пред украинското министерство за одбрана во Киев.

 

Локалните медиуми велат дека војниците се обиделе да го спречат Улјанов, но тој ги оттурнал своите колеги, се полил со бензин и се запалил.

Украинските медиуми велат дека пожарникарите и војниците го изгасиле пламенот за неколку секунди, повикале брза помош, а Улјанов бил транспортиран во болницата, каде што му била дадена медицинска помош.

Властите веруваат дека Улјанов е дел од групата војници кои тврдат дека се незаконски отпуштени.