Свет 13. февруари 2020. / 12:24

(ВИДЕО) Убиец! Предавник!: Гваидо се врати во Венецуела, жестоко нападнат уште на аеродромот

(ВИДЕО) Убиец! Предавник!: Гваидо се врати во Венецуела, жестоко нападнат уште на аеродромот

Хаос избувна на аеродромот во главниот град на Венецуела, Каракас, кога Хуан Гваидо, кој беше прогласен за привремен претседател од опозицијата, се врати од патувањето во странство.

Во вторникот, Гваидо пристигна на Меѓународниот аеродром „Симон Боливар“ во Каракас, откако ја заврши турнејата во која бараше поддршка, а во текот на која присуствуваше на годишното обраќање на американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Тензиите прво избија кога политичарот ја минуваше контролата на имиграцијата на аеродромот. Додека разговарал со службеник за имиграција, Гваидо ненадејно се соочил со лута жена која го обвинила за „продажба на земјата“.

– Носеше светла црвена маица, која често ја поврзуваат со приврзаниците на главниот противник на Гваидо, претседателот Николас Мадуро, изјавиле очевидци на аеродромот во Каракас.

Следеше жестока расправија, на која жената го испрска водачот на опозицијата со вода.

Откако го одмина демонстрантот, Гваидо беше пречекан од неговата сопруга Фабијана Розалес, како и неколку опозициски пратеници и  група на поддржувачи.

Во меѓувреме, околу 200 демонстранти се собраа пред аеродромот, извикувајќи „Убиство“. Ова доведе до тепачка меѓу двете групи кога Гваидо го напушташе аеродромот обезбедуван од неговите приврзаници. Тој успеа да влезе во автомобилот безбедно и да замине, додека провладините активисти го клоцаа и фрлаа предмети кон возилото.