Свет 18. декември 2018. / 22:46

ВИДЕО: Уапсен најбараниот црногорски бегалец во Чешка

ВИДЕО: Уапсен најбараниот црногорски бегалец во Чешка

Пред пет дена беше уапсен 55-годишниот Слободан Кашќелан во Чешка, а денес е објавена снимката од големата акција.

Кашќелан е познат како лидер на „Кавачкиот клан“ и по него во септември 2016 година беше распишана потерница. На пошироката јавност ѝ е познат по неуспешниот атентат во летото 2016 година во Нови Сад, пишуваат српските медиуми.

„Чешката полиција уапси маж пред еден месец откако доби информација дека би можел да биде во Чешка. Мажот, додека се криел, користел низа лажни идентитети и постојано го менувал местото на престој. На територијата на Чешка користел фалсификувани документи“, изјави портпаролката на чешката полиција Ленка Сикорова.

Црногорската полиција во официјално соопштение објави дека Кашќелан го бараат поради сомневање дека извршил кривични дела убиство во обид, создавање криминална организација и рекетирање.

Освен чешката и црногорската полиција, по него трагаа и француската, германската, швајцарската и шпанската полиција.