Тригодишно дете преживеа пад од шести кат на зграда во Кина, откако случајни минувачи го дочекаа во кебе.
На видеоснимката се гледа како детето виси од работ на шестиот кат на зградата и како се лизна кога се обиде да се врати. Инцидентот со среќен крај се случи во градот Чонкинг, на југозапад на земјата. Луѓето кои биле под зградата и го здогледале детето , почнале да викаат , за веднаш да дотрчаат со кебе.
–Погледнав нагоре и видов мало дете како виси од балконот. Првото нешто што го помислив е да најдам нешто за да го грабнам. Мислев дека дури и да одам горе и ќе го грабнам со голи раце, нема да стигнам – рече Ју Јанхуи, вработен во компанија за управување со имот.
Група луѓе стоеле во круг со кебето и успеале да го фатат детето кога паѓал.