Свет 09. март 2020. / 13:31

(ВИДЕО) Три жртви во инцидентите во италијанските затвори поради мерките против Ковид-19

(ВИДЕО) Три жртви во инцидентите во италијанските затвори поради мерките против Ковид-19

Шест затвореници беа убиени во бунт во затвор во Италија, а во друг затвор стражари се заложници поради мерките за сузбивање на епидемијата на новиот корона вирус меѓу кои и ограничени посети.

Шефот на италијанската Управа за затвори Франческо Басентини изјави дека тројца затвореници ги загубиле животите во бунт во затрвор во севрниот град Модена. Тројца починале откако биле префрлени од затвор.

Серијата бунтови почнал од затворот во Неапол каде затворениците излегле на покривот, а од затворот се ширел чад поради палење во внатрешноста, додека пред затворот паралелно траел протест на роднините кои го запреле сообраќајот и побарале помилување за затворениците, амнестија или домашен притвор.

Поради суспендирањето на посетите на затворениците до 22 март, мерка предизвикана од ширењето на корона вирусот во Италија, во затворите низ земјата се шират бунтови на затворениците, при што во Модена се регистрирани три смртни случаи меѓу затворениците, а во Павија се киднапирани двајца затворски полицајци.

Во Павија затворениците успеале да киднапираат двајца полицајци, да им одземат клучеви од неколку затворски ќелии по што ослободиле десетина затвореници. Во тамошниот затвор пристигнало полициско засилување, но не се применува сила. Еден од двајцата киднапирани полицајци е претепан од страна на затворениците.

Бранот бунтови почнал од затворот во Неапол каде затворениците излегле на покривот, а од затворот се ширел чад поради палење во внатрешноста, додека пред затворот паралелно траел протест на роднините кои го запреле сообраќајот и побарале помилување за затворениците, амнестија или домашен притвор.

Салерно, Модена, Неапол, Фрозиноне, Верчели, Алесандрија, Фоџа – се шири бранот протести на затворениците во Италија со драматични последици. Во Модена починаа тројца, иако првичните резултати од истрагата потврдуваат дека причината не била протестот.

Сепак утврдено е дека смртта настапила за време на протестирањето, зошто кај починатите немало траги од повреди по телото. Кај двајца со анализа се пронајдени прекумерни дози опојни супстанци и причината за смртта се припишува на тоа, а третиот случај бил во цијанозна состојба, па не се знае точната причина. Само се претпоставува дека поради евидентното палење, во ќелиите се акумилирало големо количество чад, зошто во затворот прво се ширел чадот, најверојатно од палењето душеци, а потоа е констатирана смртта кај тројцата. Детална истрага е во тек.

Новиот Декрет за коронавирусот подразбира дополнителни мерки за затворениците, како што е продолжувањето на времето на телефонските разговори, видео пораки преку Скајп како и можност за домашен затвор за извесен број на осуденици, но тоа не беше доволно за да се спречат инцидентите во италијанските затвори.