Свет 27. октомври 2018. / 23:06

(Видео) Трамп: Мора да се направи нешто со омразата во САД, една од опциите е вооружени чувари во црквите и синагогите

(Видео) Трамп: Мора да се направи нешто со омразата во САД, една од опциите е вооружени чувари во црквите и синагогите

По вооружениот напад во синагогата во американскиот град Питсбург, се огласи американскиот претседател, Доналд Трамп, кој изјави дека е ужасно тоа што се случува во Америка поради омраза. Тој порача дека итно мора да се преземе нешто и дека вооружени чувари во секоја црква и синагога се некаква опција.

Трмп во своето обраќање во воздушната база Ендрус порача дека насилството мора да престане и дека исходот од нападот можеби би бил поинаков ако во синагогата бил присутен вооружен чувар, пренесе АП. Трамп го предложил тоа како добра идеја за сите цркви и синагоги.

Според него сторителите на вакви дела би требало да се казнат со смртна пресуда.

Во вооружниот напад во синагогата животот го загубија најмалку осум луѓе, а тројца полицајци беа ранети. Напаѓачот беше ранет во престрелката со полицијата, по што беше уапсен.