Свет 21. октомври 2019. / 11:58

(ВИДЕО) Торнадо во Далас остави повеќе од 100 илјади домаќинства без струја

(ВИДЕО) Торнадо во Далас остави повеќе од 100 илјади домаќинства без струја

Торнадо го погоди Далас, најголемиот град во американската сојузна држава Тексас и остави повеќе од 100.000 домаќинства и компании без електрична енергија.

Неповолните временски услови доведоа и до откажување на летовите на аеродромите во регионот, а невремето предизвикало и голема материјална штета.

Нема информации за загинати или повредени. Во делови од населбите во Далас, полицајци и пожарникари проверуваат по домовите во каква состојба се жителите.

Седум лица успеале да се извлечат од урната зграда во северозападниот дел на Далас. Пожарникарите го пребаруваат местото за да проверат дали има настрадани.

Противпожарната служба во Далас соопшти дека примала многу повици од лица повредени од скршени прозорци во нивните домови.