Свет 01. ноември 2019. / 14:15

(ВИДЕО) Токсично добредојде за канцеларката Меркел во Индија

(ВИДЕО) Токсично добредојде за канцеларката Меркел во Индија

Токсично добредојде за германската канцеларка Ангела Меркел во Индија откако премиерот Нарендра Моди ја пречека со воена парада на исклучително загадениот воздух во Њу Делхи.

Премиерот на Индија и неговите гости од Германија ги игнорираа предупредувањата на здравствените стучњаци дека за време на престојот надвор пожелно е луѓето да носат заштитни маски заради енромно високото загадување во главниот град на Индија.

Но, и покрај тоа Моди и Меркел прошетаа покрај почесната гарда пред претседателската палата, вдишувајќи го токсичниот воздух во Њу Делхи.

Меркел во својата четврта посета на Индија му се заблагодари на Моди за топлиот и срдечен пречек.