Свет 29. јануари 2020. / 22:58

(ВИДЕО) Тоа може само во Кина: Од напуштена зграда до болница за 48 часа

(ВИДЕО) Тоа може само во Кина: Од напуштена зграда до болница за 48 часа

За само 48 часа Кинезите претворија целосно празна и напуштена зграда во болница со 1.000 кревети.

Бројот на заразени од коронавирусот во Кина забрзано расте, а поради тоа се градат нови боолници. Покрај тоа што најавија дека ќе изградат болница за само една седмица, тие само за 48 часа опремија зграда и ја претворија во болница за заболените од коронавирусот.

На градилиштето имало повеќе од 30 копачи, 40 булдожери и повеќе од 500 работници кои ја средија областа од  25,000 квадратни метри.

Благодарение на помошта на волонтерите, градежните компании и на полицијата во неделата просторот веќе имал струја, вода и интернет, а болницата во вторникот веќе била потполно функционална и е отворена за употреба.

Напуштената зграда, всушност, требаше да биде новото крило на големата болница во Хуанганг и требаше да биде пуштено во употреба во мај. Сепак, поради новата и се повеќе сериозна состојба, процесот беше забрзан и болницата е отворена во рок од 48 часа!

Коронавирусот однесе 132 животи досега, а 5.974 лица се заразени.