Свет 15. април 2020. / 11:08

(ВИДЕО) Терористички напад во центарот на Каиро, загинал најмалку еден полицаец

(ВИДЕО) Терористички напад во центарот на Каиро, загинал најмалку еден полицаец

Еден египетски полицаец е убиен, а тројца се повредени во вооружен судир со осомничени терористи што се случил во близина на центарот на Каиро, соопшти египетскиот јавен обвинител.

Како што објавија некои светски агенции повикувајќи се на двајца неименувани безбедносни извори и две приватни телевизии, голем дел вооружените напаѓачи се убиени.

Првичните истраги покажуваат дека осомничените планирале да извршат терористички напад – соопштил еден безбедносен извор, додавајќи дека кај осомничените е пронајден експлозив и оружје.

Обвинителот нареди истрага за престрелката.