Претседателот на САД, Доналд Трамп ненадејно ја прекина прес-конференцијата за медиумите за коронавирусот заради пукотница во близина на Белата куќа.
За време на прес-конференцијата одеднаш во просторијата упадна припадник на Тајната служба.
Претседателу, излезете од салата.
Извинете, што? – му вели изненадениот Трамп, па веднаш го послуша и ја напушти прес-конференцијата за новинарите.
Трамп го изнесоа од просторијата заради пукотница надвор од оградите на претседателскиот комплекс во Вашингтон. По неколку минути Трамп се врати на конференцијата.
Имаше пукотница надвор од Белата куќа. Ми кажаа дека застрелале наоружан маж, во болница е, не знам во каква состојба. Изгледа ситуацијата е под контрола. Би се заблагодарил на Тајната служба, која повторно изврши сјајна работа, беа брзи и ефикасни, рече Трамп откако се врати на прес-конференцијата.
Тој додаде дека се чувствува безбедно со Тајната служба.
Тоа се фантастични момци. Најдобрите од најдобрите. Супер се истренирани. Сакаа да се тргнам на кратко додека да бидат сигурни дека се е под контрола, додаде американскиот претседател.
Маж (51) се доближил на агент на Тајната служба близу Белата куќа. Му кажал дека е наоружан, се стрчал спрема него и посегнал по нешто.
Имаше став како да ќе пука. Агентот на Тајната служба извади оружје и го застрела во градите, објави Тајната служба.
Инцидентот се случил на раскрсницата на 17-та улица и авенија Пенсилванија, во близина на паркот Лафајет. Си-Ен-Ен пишува дека од два полициски извори дознале дека човекот не бил наоружан.