Денеска археолозите соопштија дека во Израел се откриени остатоци од најстарата рурална џамија на светот, изградена во времето кога Исламот пристигнал во светот.
Израелската агенција за антиквитети проценува дека џамијата, откриена непосредно пред новата конструкција во бедуинскиот град Рахат во пустината Негев, била изградена во 7 или 8 век, објави Ројтерс.
– Постојат големи џамии за кои се знае дека биле во Ерусалим и Мека од тој период, но ретко е да се најде таква древна исламска капела која веројатно припаѓала на заедницата на локални фармери – вели Гидеон Авни,експерт за антиквитети.
На локалитетот се ископани остатоци во форма на правоаголенобјект, од прилика со големина на гаража за еден автомобил, со молитвеник свртен према југ, односко кон Мека.
– Ова е една од најстарите џамии познати уште од почетокот на доаѓањето на исламот во Израел по арапското освојување на 636 – рече Авни.
Тој додаде дека откривањето на селото и џамијата во нејзина близина е значаен придонес во изучувањето на историјата за време на овој бурен период.