Десетици светски лидери пристигнаа во Ерусалим на најголемиот досега одржан собир насочен кон одбележување на холокаустот и борба против денешниот антисемитизам.
Францускиот претседател Емануел Макрон, рускиот претседател Владимир Путин, британскиот принц Чарлс, американскиот потпретседател Мајк Пенс и претседателите на Германија, Италија и Австрија како и македонскиот претседател Стево Пендаровски се меѓу повеќе од 40 достоинсртвеници кои присуствуваа на Меѓународниот форум за сеќавање на холокаустот, што се совпаѓа со 75-годишнината од ослободувањето на логор на смртта во Аушвиц.
Полскиот претседател Андреј Дуда одби да присуствува на Светскиот форум за холокаустот, бидејќи не му било одобрено да се обрати пред лидерите додека претставниците на Русија, Франција, Британија, САД и Германија добија збор.
Тричасовниот настан на спомен-обележјето на Ерусалим, Јад Вашем, холокауст – наречен „Сеќавање на холокаустот: борба против антисемитизмот“ – има за цел да проектира обединет фронт во сеќавање на геноцидот на европските Евреи среде глобалното ширење на антиеврејското насилство.