Свет 01. јануари 2021. / 10:27

(ВИДЕО) Светот во карантин, во Вухан масовен дочек на Новата година на улиците

(ВИДЕО) Светот во карантин, во Вухан масовен дочек на Новата година на улиците

Голем број граѓани на кинескиот град Вухан, каде во 2019 година започна пандемијата на коронавирусот, излегоа на улиците да ја прослават Новата година, додека поголемиот дел од човештвото ја дочекаа Новата година во своите домови.

Фотографиите и видеата од градот, кој беше затворен поради вирусот од крајот на јануари до април минатата година, го обиколија светот.

Според традицијата, стотици луѓе се собраа пред старата царинска зграда, едно од најпопуларните места за новогодишната ноќ во градот. Кога стариот часовник на зградата покажа полноќ, многу луѓе пуштија балони во воздухот и посакаа среќна Нова година.

Видливо беше засиленото присуство на полицијата, а припадниците на обезбедувањето на неколку лица кои не ја носеле маската им рекле дека мора да ја стават ако сакаат да останат, пренесува Си-Ен-Ен

Со месеци не се регистрирани случаи на коронавирус во Вухан, но неодамнешното мало зголемување на случаите на инфекција во некои кинески градови, вклучувајќи го и Пекинг, ги потсети граѓаните на Вухан дека пандемијата сè уште не е завршена.