Неверојатната експлозија во Бејрут, го стресе целиот главен град ма Либан, предизвика огромно уништување и рушевини, а зема и десетици животи.
„Индепендент“ објави видео од моментот на експлозијата и нејзинито ефект на зградите во Бејрут.
На видеото може да се забележи еден свештеник кој држи служба во моментот на експлозијата, по што во прв момент, тој се обидува да продолжи со службата, но кога таванот почнува да се руши, во последен момент едвај успева да скокне на страна и да се спаси да не биде затрупан.