Оганот за оваа летна Олимпијада во Токио денеска беше предаден на Јапонија од Грција речиси без никаква церемонија поради зголемените стравувања од ширењето на корона вирусот.
Грчкиот олимписки комитет го предаде пламенот до организаторите на Токио, во кои не беше вклучен тим на високи јапонски функционери и поранешни спортисти, првично закажани да присуствуваат на церемонијата на стадионот „Панатенаик“ во Атина.
Примопредавањето на оганот се случи стадионот каде се одржани првите современи Олимписки игри во 1896 година, но се одржа без гледачи.

Неколкумината официјални лица кои присуствуваа на примопредавањето ја одржуваа оддалеченоста едни од други како мерка на претпазливост против вирусот.
Олимпискиот оган ќе пристигне во петок во базата Мацушима на јапонската воздушна одбрана, во североисточниот регион на земјата, која беше уништена од земјотресот и цунамито од март 2011 година.
Околу 200 деца од локално основно училиште требаше да го пречекаат пламенот, но сега тоа е откажано поради ширењето на вирусот.