Свет 05. февруари 2020. / 13:31

(ВИДЕО) Стотици евакуирани поради поплавите во Нов Зеланд

(ВИДЕО) Стотици евакуирани поради поплавите во Нов Зеланд

Стотици луѓе се евакуирани денеска од домовите и фармите во јужниот дел на Нов Зеланд поради поплави, соопштија властите.

Жителите на градовите Гор, Матаура и Виндхам беа предупредувани веднаш да ги напуштат своите домови поради реките кои се повеќе се полнат како резултат на обилните врнежи од дожд.

Евакуирани се и неколку стотици туристи од Милфорд Саунд откако поплавите и лизгањето на земјиштето ги прекинаа патиштата. Многумина од нив беа евакуирани со хеликоптер.

На југот на регионот, властите прогласија вонредна состојба.