Свет 24. ноември 2018. / 19:24

(ВИДЕО) Сорос почна протести во Унгарија: Се скандира по улиците во Будимпешта!

(ВИДЕО) Сорос почна протести во Унгарија: Се скандира по улиците во Будимпешта!

Студенти и активисти на невладиниоте на Сорос излегоа денеска на улиците на Будимпешта за, како што велат, да побараат заштита на академските слободи и промена на владините мерки поради кои универзитетот основан од страна на американскиот милијардер, Џорџ Сорос, беше дислоциран од Унгарија.

Централно-европскиот Универзитет (ЦЕУ) најави дека ќе се пресели во Виена доколку унгарскиот премиер Виктор Орбан до 1. декември не обезбеди правна рамка за продолжување на работата на оваа институција во Унгарија.

ЦЕУ речиси три децении нуди американски факултетски програми за илјадници студенти од поранешните комунистички земји од Источна Европа.

Демонстрантите се собраа пред историските градби на брегот на Дунав и порачаа дека мора да се одбрани академската средина која ја симболизира ЦЕУ, а која ја слави слободата на говорот и отворената дебата.

ЦЕУ планира да ги префрли своите студии во Виена по долгата борба со владата на Орбан, која доведе до законски измени за кои многумина сметаат дека се дизајнирани токму на штета на ЦЕУ.

Многу е веројатно дека на крајот неговиот Универзитет сепак ќе биде преселен, бидејќи Владата на Орбан не покажува никакви знаци на попустливост.